Search
Close this search box.

Ќе се реконструира подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во Црниче

Подрачното училиште “Кузман Јосифовски – Питу” ќе блесне во ново руво. Имено, Општина Кисела Вода неодамна аплицираше и го доби проектот “Создавање на предуслови за управување со енергијата на локално ниво”, кој ќе се реализира со заедничка финансиска контрибуција помеѓу општината Кисела Вода и Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) во Скопје, за што двете институции вчера официјално го потпишаа и договорот.

 

Со овој проект ќе се изврши реновирање на подрачното основно училиште “Кузман Јосифовски – Питу” во нас. Црниче. Активностите се однесуваат на замена на постоечката фасада, замена на кровот и замена на столарија, односно врати, прозорци и портали.

Во таа насока, на 10-тата пленарна седница Советот на општината донесе одлука со која општината финансиски ќе контрибуира околу 4 милиони денари, за реализација на овој проект, додека пак со 2 милиони денари ќе учествува и УНДП.

Градежните работи ќе започнат по завршување на тендерската постапка, спроведена од страна на УНДП. 

Споделете:

Scroll to Top