Search
Close this search box.

Се реконструира улицата “Речиште 2” во селото Драчево

Општина Кисела Вода во рамките на своите активности за подобрување на сообраќајната инфраструктура на нејзината територија, а согласно годишната Програма за комунални дејности започна со реконструкција на повеќе улици. Имено, во моментов екипи на фирмата “Пелагонија АД Гостивар”, по налог на општината започна со реконструкција на улицата “Речиште 2” во селото Драчево.

Улицата ќе се поплочи со павер елементи во должина од 165 метри, а ќе се изврши и подигање на шахтите во висина со павер елементите и ќе се изведе канал за одводнување со елементи за одвод (канавка).

За оваа активност, општината од својот буџет издвои околу 1.380.000 денари, а градежните работи се очекува да завршат за една недела.

Активностите за урбанизирање на овој дел од општината Кисела Вода ќе продолжат со реконструкција, односно поставување на павер елементи и на следниот крак на улицата “Речиште”.

Споделете:

Scroll to Top