Search
Close this search box.

Успешен концерт на Силви Бенд на “Три круши”

Концертна музичка програма понуди културното лето “Три круши”, изминатиов викенд. Покрај феноменалниот настап на Миле Кузмановски во петокот, успешен целовечерен концерт на верско-рекреативниот центар “Три круши” во саботата, одржаа музичките ѕвезди Силви и Влатко Плевнеш, кои 25 години блескаат на музичкото небо под името Силви Бенд.

“Ме полудуваш”, “Романса”, “Песна за нас”, “Болеро” беа само дел од хитовите кои ги изведоа Силви и Влатко, а интерпретацијата на незаборавната и безвременската “Ангели ме носат” предизвика еуфорична реакција кај публиката.

Овогодинешното културно лето во Кисела Вода завршува престојниот викенд, со гостување на неколку реномирани музички ѕвезди. 

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top