Search
Close this search box.

Учениците од ОУ ,,Кузман Јосифовски – Питу” присуствуваа на церемонијална смена на државното знаме

Во петокот (29.11.2013 година) учениците од ОУ ,,Кузман Јосифовски – Питу” од Општина Кисела Вода присуствуваа на церемонијална смена на државното знаме пред собранието на Република Македонија. Преку 200 ученици од неколку одделенија, заедно со предметните и класни раководители и претставници од општината Кисела Вода присуствуваа и целосно ја проследија протоколарната активност за почесна смена на државното знаме, кое го спроведоа припадниците на Батаљонот за почести и опслужување и Воениот оркестар на АРМ. 

 

Споделете:

Scroll to Top