Утре со одигрувањето на трите одложени средби, завршува есенската сезона во кошаркарската лига, во рамките на училишниот спорт на општината Кисела Вода. Со оглед на фактот, што избраниците на тренерот Вангел Сувариев ги одиграа сите натпревари во есенскиот дел, тие веќе се промовираа во есенски шампиони. Кошаркарите од ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“ надмоќно победија во сите четири кола, притоа докажувајќи дека подготвено ќе ја пречекаат пролетната сезона, за кога се закажани и натпреварите од државното првенство.
-Минатата сезона завршивме во шампионски стил, се надевам дека и оваа сезона ќе бидеме шампиони на ,,Кисела Вода“, – вели тренерот Сувариев и продолжува.- Паузата во првенството ќе ја искористиме за доигрување, па оттука размислувам да закажам неколку пријателски средби. Овој тим има потенцијал и за државното првенство и се надевам, дека, до март за кога се закажани средбите во нашата сала ,,Независна Македонија“ ќе бидеме подготвени за нови победи, – заврши професорот Вангел Сувариев, тренер на осноците од ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“.
Инаку, утре со почеток во 12.00 часот во спортската сала ,,Независна Македонија“ се играат средбите: ,,К.Кепески“ – ,,Св.К.Охридски“, ,,К.Шапкарев“ – ,,Ќ.Пејчиновиќ“ и ,,Р. Жинзифов“ – ,,К.Ј.Питу“.