Search
Close this search box.

Учениците од ОУ “Кузман Јосифовски – Питу” со активности во чест на годишнината од смртта на Тоше

Учениците од ОУ ”Кузман Јосифовски –Питу” во чест на годишнината на смртта на Тоше Проески, кој се одбележува секоја година на 16-ти Октомври, реализираат неколку активности. И годинава учениците подготвија приредба и интерен литературен конкурс со авторски творби за животот на балканската музичка ѕвезда која прерано го загуби животот.

Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Но албумот на англиски јазик што го подготовуваше беше постхумно промовиран  („The Hardest Thing“).

Тодор Проески – Тоше е роден на 25 јануари 1981 и својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на „Мелфест“ во Прилеп, во 1997 година, и оттогаш  настапуваше на сите значајни фестивали во земјава и регионот,  а во 2004-та ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Истанбул. Таа година стана и амбасадор на УНИЦЕФ.

Објави седум албуми – неколку и во превод на српски/хрватски јазик. Последниот – „Игри без граници“ беше промовиран две недели пред несреќата, а последниот концерт го одржа на Градскиот стадион  на 5-ти Октомври 2007.

Споделете:

Scroll to Top