Search
Close this search box.

Се одржа меѓународниот карате турнир “Маваши Опен 2013”

Во организација на карате клубот Маваши од населба Драчево, а под покровителство на Општина Кисела Вода и Агенцијата за спорт и млади, во спортската сала во Драчево, во саботата (12.10.2013) се одржа 11-тиот по ред меѓународен карате турнир “Маваши Опен 2013”.

На турнирот учество зедоа 46 клубови од Македонија, Србија, Бугарија и Косово со вкупно 393 натпреварувачи.

Домаќинот на настанот, карате клубот “Маваши” од нас. Драчево, се претстави во одлично издание, односно од вкупно 25 натпреварувачи кои настапија за овој клуб, беа освоени 3 златни и 5 сребрени и 8 бронзени медали во сите конкуренции.

На турнирот беа доделени пехари и плакети со благодарници за придонес и афирмација на карате спортот на општината Кисела Вода, на Агенцијата за млади и спорт, на Карате федерацијата на Македонија, на полициската станица од нас. Драчево, основното училиште “Кузман Шапкарев” и фирмата Нела-АР за долгогодишната поддршка на овој турнир.

Споделете:

Scroll to Top