Search
Close this search box.

Културното лето “Три круши” ги развесели најмладите

Викенд полн со убава музика и забава за најмладите го окарактеризира овонеделното културно доживување на “Три круши”. Најпрвин, во петокот (19.07.), целовечерен концерт одржа тамбурашката група “Гезме”, која повеќе од два часа ги забавуваше присутните посетители на верско-рекреативниот центар “Три круши” со широк репертоар на традиционални македонски песни со етно призвук.

Членовите на групата: Сашо Спасовски, маестро на жичени инструменти, еден од најдобрите прим мајстори во Македонија, Горан Михајловски, гитарист и вокал, докажан инструменталист со дведецениско музицирање, Сашо Димковски, перфекционист на бас прим и Игор Марковски, контрабасист, проверен и докажан музичар на крајот, со изведбата на краток блок од македонски забавни евергрини во етно-аранжман,  сосема заслужено го потврдија епитетот на “Златна четворка” која знае како да ја разнежни публиката.

Саботата пак, беше резервирана за најмладите. Имено, годинава по петти пат се одржа детскиот фестивал “Три круши”, на кој се претставија вкупно 19 учесници, кои се впрочем и ученици во основните училишта во Општина Кисела Вода. Детскиот фестивал, кој годинава бележи мал 5-годишен јубилеј, од година во година станува се попопуларен помеѓу децата, а годинава во придружба на хорчето “Три круши” се изведоа 11 нови авторски нумери. За сите учесници, градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ обезбеди благодарници за учеството и пригодни награди во училишен прибор.

Веднаш по детскиот фестивал, на преполниот амфитеатар на верско-рекреативниот центар “Три круши” се изведе и детската претстава “Македонска приказна” од страна на ансамблот на Театарот за деца и младинци.

Програмата на овогодинешното културно лето продолжува следниот викенд, а до крајот, кој ќе се случи на 3-ти Август, преостануваат уште 3 културни настани.

Споделете:

Scroll to Top