Search
Close this search box.

Пепи Ренџов ја разигра публиката во паркот “Македонија”

Преку 500-тини разиграни и насмеани граѓани, вчеравечер можеа да се забележат во паркот “Македонија”, каде феноменален концерт одржаа Пепи Ренџов и Тумбао Салса Бенд. Препознатливите кубански и латино песни беа само дел од репертоарот на овој македонски бренд кој ја негува кубанската музика, а посетителите можеа да уживаат и во звуците на неколку македонски традиционални песни, преработени во латино ритам.

На големо задоволство на граѓаните, Тумбао Салса Бенд премиерно на отворен настап, токму во Кисела Вода ја изведоа песната “Фато мори душманке”, преработена во кубански ритам.

Културното лето во Кисела Вода продолжува и викендов на верско – рекреативниот центар “Три круши” со две манифестации. Доколку временските прилики се поволни, вечерва (06.07.2013) на “Три круши” целовечерен концерт ќе одржат Митан Проект и Андријана Јаневска, додека пак утревечер (07.07.2013) ќе се одигра претставата “Ах љубов моја – турска приказна”, во изведба на НУ Театар комедија. Настаните почнуваат во 21:00 часот.

Влезот за граѓаните е отворен. 

Споделете:

Scroll to Top