Во пресрет на големата утрешна акција за расчистување на отпадот, симболично наречена “Македонија без отпад”, основните училишта од Општина Кисела Вода со низа активности за чистење го даваат својот придонес за здрава и чиста околина.
Учениците од основните училишта претходно се регистрираа на веб-страната на граѓанската асоцијација “Ајде Македонија” и во текот на целата работна седмица, изведуваа акции за чистење на дворовите, училниците, изведоа акции за собирање на стара хартија, а испишаа и пораки за зачувување на животната средина.
Во големата национална акција ќе се вклучи и општината Кисела Вода со чистење на отпадот од три локации на нејзината територија.