Во Драчево отворена постојана канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности

Градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ заедно со директорот на Агенцијата за Катастар на недвижности Славче Трпески и Претседателот на Советот на општината Трајче Донев, денес ја пресекоа лентата и го означија отворањето на  постојана канцеларија на Катастарот во населба Драчево.

 

 

-За отворање на подрачна канцеларија на Катастарот за Недвижости, општина Кисела Вода отстапи дел од месната заедница во населба Драчево. Ако минатата година, токму во истата месна заедница отворивме подрачна канцеларија на Агенцијата за вработување, сега веќе, своја канцеларија ке има и Катастарот. Практично, општина Кисела Вода во континуитет размислува како на практичен начин да им излезе во пресрет на потребите граѓаните. Со секоја нова содржина од административен карактер сме поблиску до граѓаните и до решавање на проблемите со кои се тие соочуваат во однос на администрацијата-изјави градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.

 

-Отворањето на подрачната канцеларија ќе овозможи Катастарoт на недвижности да биде поблиску до граѓаните. Кон ова место-населбата, и кон селото Драчево гравитираат повеќе од 40 000 граѓани кои сега ќе имаат можност тука да ги добиваат имотните листови, копиите од катастарскиот план и сите други податоци кои ги издава катастарот. Но исто така, во оваа канцеларија ќе имаме и стручни лица од областа на геодезијата и правото, па за сите прашања што ги имаат граѓаните во врска со нивните имоти, со нивните објекти, ќе можат тука да се обратат. Ако досега требаше  да патуваат 15 км, сега ,тука на лице место,  во Драчево ќе можат да ги добијат сите услуги-изјави директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.

 

Заблагодарувајќи се на општина Кисела Вода за целата досегашна соработка, директорот на Катастарот Трпески информираше дека во рамките на акцијата “Отворени денови на Катастарот” којa во петокот се одвиваше во населбата Драчево, околу100 граѓани ги побарале услугите на оваа институција, посочувајќи ги најчестите нивни барања и можностите за нивно решавање.

Двајца жители на Драчево, Димов Ристо и Гоце Костески, беа првите кои ја искористија можноста, да подигнат имотен лист од новата подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, која се наоѓа во близината на нивниот дом. Симболично, имотниот лист го добија бесплатно. Тие ја изразија својата благодарност до двете институции кои на овој начин ја доближија услугата и ја направија подостапна до граѓаните.

 

 Работното време на подрачната канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во населбата Драчево е од понеделник до петок од 8:30 до 16:30.

 

 

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
Hititbet Giriş
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
kralbet
betnano
betnano
betnano
kralbet
kralbet
kralbet
setrabet
setrabet
kralbet
hititbet
hititbet
Tuzla Lenf Drenaj
Tuzla Cilt Bakım Merkezleri
Tuzla Kirpik
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
betgaranti
kolaybet
betgaranti
xslot
xslot
hititbet
betnano
betnano
kralbet
kralbet
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
Sosyal Medya Yönetim
Hititbet
xslot
xslot
xslot