Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, од 27 до 29 октомври 2026 година престојува во Стразбур, Франција. Таму таа учествува на 51-та сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа.
-Учеството на 51-та сесија на Конгресот на локалните и регионалните власти при Советот на Европа е можност за размена на искуства со претставници од европските локални самоуправи, запознавање со добри практики и отворање нови можности за соработка. Придобивката од ова учество е стекнатото знаење и искуство што можеме да ги примениме во развојот на Општина Кисела Вода, со цел подобри услуги и поквалитетен живот за граѓаните-истакна градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.




