Search
Close this search box.

Договорот за донација меѓу општина Кисела Вода и АД “Цементарница Усје” донесе подобри услови за учениците од ООУ “Кирил Пејчиновиќ”

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, денес, заедно со генералниот извршен директор на АД Цементарница-Усје, Борис Хрисафов, изврши обиколка на ООУ “Кирил Пејчиновиќ” коe неодамна беше реновиранo.

 Имено, согласно потпишаниот Договор за донација меѓу општината и оваа компанија, како дел од програмата на Секторот за локален економски развој на општина Кисела Вода, во овој објект, беше извршена замена на старите и дотраени прозорци со нови, а потоа им се направи и опшивка со окапници. Дополнително, беа исчистени и сите 230 радијатори, на кои им беа заменети и вентилите, а потоа беше извршено и варосување.

Целокупната инвестиција е во вредност околу  22 000 евра, комплетна донација од АД Цементарница-Усје, како дел од нивната програма за општествена одговорност. Во знак на благодарност за активното вклучување во развојот и унапредувањето на образовниот процес во општина Кисела Вода, градоначалникот Беличанец-Алексиќ му додели благодарница на генералниот директор на АД Цементарница-Усје Борис Хрисафов.

-Добрите практики на одговорно делување кои АД “Цементарница-Усје” ги покажува преку конкретни проекти, каков што е овој,во ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, се значајна поддршка на општината во спроведувањето на мерките за подобрување на условите за живот и работa на сите наши жители. Преку обновата на објектот, се постигна не само подобрување на ликот на училиштето, туку и поголема примена на мерките за енергетската ефикасност, што е една од стратешките насоки на движење на оваа локална самоуправа. Значајно е компаниите да ја препознаат својата улога и можност за влијание во развојот на општеството. Токму затоа и благодариме на АД “Цементарница-Усје” и се надеваме дека дека таа ќе продолжи со континуираната политика на одговорно корпоративно општествено работење-истакна градоначалникот Беличанец-Алексиќ, доделувајќи ја благодарницата.

Генералниот директор на АД Цементарица-Усје потенцираше дека добрата соработка што ја има со општина Кисела Вода преку реализација на различни проекти ќе продолжи и во наредниот период.

„Еден од приоритетите на Цементарница-УСЈЕ е учеството и реализацијата на активности од општ интерес. „Партнерство со училиштата“ е проект чија цел е зголемување на здравјето и безбедноста на децата во градинките и училиштата во општината Кисела Вода, на кој ние како компанија сме посветени веќе шест години. Една од последните активности во рамките на проектот е и замената на 40 дотраени прозорци со нови енергетски ефикасни во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“.  Со оваа донација од околу 1 милион денари и волонтерскиот труд на вработените од Цементарница УСЈЕ,  значително се подобрени условите во училиштето, а енергетската ефикасност е подигната на високо ниво. Продолжуваме да работиме на реализација на вакви проекти во партнерство со општината, а во насока на подобрување на условите за престој на децата од предучилишна и училишна возраст во нашето соседство.“, истакна Борис Хрисафов, главен извршен директор на “Цементарница Усје” АД Скопје.

Директорот на училиштето Сашо Јованоски, за време на разгледувањето на објектот, информираше и за останатите активности кои во изминатиов период се случуваат во училиштето. Меѓу нив и за  новата училишна веб страница која ја изработија учениците заедно со своите наставници.

Посетата беше заокружена со покана до градоначалникот Беличанец-Алексиќ и до  генералниот директор на АД Цементарица-Усје Хрисафов за присуство на свеченоста по повод 70 годишнината од постоењето на ООУ “Кирил Пејчиновиќ”, која е закажана за 19 март.

 

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betnano
betpark
marsbahis
marsbahis
betnano
betnano
betnano
betpark
kolaybet
xslot
mavibet
mavibet
betnano
betnano
betnano
betpark
betpark
kolaybet
betpark
betpark
xslot
betorder
betorder
kralbet
tarafbet
xslot
mavibet
mavibet
betnano
betnano
betnano
betasus
betpark
betmatik
betmatik
betkom
betmatik
kralbet
betmatik
betkom
betkom
padisahbet
tarafbet
tarafbet
kralbet
kralbet
betpark
interbahis
interbahis
kralbet
kralbet
perabet
perabet
kralbet
betpark
betpark
betpark
ikimisli
ikimisli
timebet
timebet