Информативни средби против семејно насилство во општина Кисела Вода

Препознавање на семејното насилство, на насилството врз жената, негово спречување… Ова се темите на кои во текот на вчерашниот ден дискутираа  членовите на комисијата за еднакви можности на мажите и жените при Советот на општина Кисела Вода со жителите на општина Кисела Вода, во рамките на проектот кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика  заедно со македонското женско лоби.

Свои излагања имаа Весна Бошковска, Светлана Колариќ, Цена Митревска, и менторката Елена Грозданова, државен советник во Министерството за труд и социјална политика, по кои следеше едночасовна дебата со присутните. Се отворија бројни прашања во насока на сузбивање на семејното насилство, изнаоѓање на механизми и концепт за почитувањето на достоинтвото и интегритетот на личностите кои се жртви на семејното насилство, можностите за пријавување при сознание за извршено семејно насилство од страна на жртвата, но и на секое лице кое има сознание за сторено насилство …

Попладнево, со почеток во 18 часот ќе се одржи иста ваква информативна средба, но овој пат во Големата  сала на општина Кисела Вода.

Претходно, во рамките на истиот проект, се изврши информирање и обука на наставниците од основните училишта и воспитувачите од градинките,  за полесна детекција и професионален пристап при  утврдување на случај на семејно насилство.

Подобрувањето на заштитата на жртвите од семејно насилство  преку нов предлог закон за превенција , спречување и заштита од семејно насилство, беше тема и на неодамнешната јавна расправа организирана од страна на Министерството за труд и социјална политика, на која зедоа учество релевантни институции, невладиниот сектор, меѓународни организации, експерти, политичари . Министерот Диме Спасов ги презентираше предлог измените кои меѓу другото, опфаќаат сместување во центар за лицата жртви, соодветна здравствена заштита, психо – социјална итервенција и третман, економско јакнење на жртвата преку нејзино активно вклучување на пазарот на трудот, отстранување на сторителот од домот и забрана за приближување.

Споделете:

Scroll to Top
kolaybet
hititbet
bettilt
xslot
xslot
bettilt
betpark
bettilt
betnano
holiganbet
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betnano
betpark
betpark
Betpark
Betpark
betpark
grandpashabet
grandpashabet
casinolevant
Betpark
betpark
runtobet
casinolevant
casinolevant
jojobet
jojobet
jojobet
jojobet
betpark
betkom
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
onwin
sahabet
sahabet
sahabet
sahabet
sahabet
sahabet