На терен во Црниче: Директниот разговор со граѓаните носи најдобри решенија!

Во рамките на континуираниот циклус теренски посети низ сите месни и урбани заедници во Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со раководителите на секторите од општинската администрација, оствари работна средба со жителите на урбаната заедница Црниче.

На средбата беше направен пресек на досегашните инфраструктурни зафати. Присутните упатија благодарност за реконструкцијата на скалите кои водат од улицата „Црниче“ кон улицата „Партение Зографски“, како и за редовното одржување на јавната хигиена во населбата.

По освртот на сработеното, дискусијата се насочи кон идните приоритети. Во делот на новите барања, граѓаните побараа Општината да интервенира до ЈП „Водовод и канализација“ за решавање на проблемот со квалитетот на водата на линијата од улицата „Серска“ кон „Востаничка“, како и за изградба на нова водоводна линија од улицата „Христо Узунов“ кон „Востаничка“. Жителите побараа и интервенција до МВР за засилени контроли околу паркирањето на улицата „Рилски Конгрес“, а беше побарано и Општината да упати барање до ЈСП за воведување на нова автобуска линија со број 6, со цел полесен транспорт до останатите делови на градот.

Дополнително, граѓаните побараа поставување легнати препреки на улицата „Востаничка“, изградба на тротоар на „Серска“, асфалтирање на улицата „Банско“ и нејзино спојување со „Полог“, како и поставување нова линија за осветлување кај скалите до старата печатница. Меѓу изнесените барања се најдоа и разгледување на можноста за поставување зонско паркирање во УЗ Црниче, редовно миење на поголемите улици во населбата, како и реконструкција на спортските и детските реквизити во подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ заедно со изградба на нова спортска сала.

Сите изнесени барања и предлози беа детално нотирани од страна на стручните општински служби со цел нивно вметнување во програмите за работа и ефикасно решавање. Теренските средби продолжуваат и во наредниот период низ целата општина.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
Hititbet 2026
Betgaranti
Betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti
betgaranti mobil giriş
betgaranti
betpark
jojobet
kavbet
jojobet
kavbet
Betgaranti Güncel Giriş
nakitbahis giriş
nakitbahis
ultrabet
ultrabet
kavbet
marsbahis
marsbahis
betpas
betpas giriş