Нови едукативни материјали за сите градинки во Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, оствари работна посета на објектот „8 Март“ во населбата Расадник, во рамки на континуираните активности на локалната самоуправа за унапредување на воспитно-образовниот процес во предучилишните установи.

На градинката ѝ беа доставени едукативни и креативни материјали, кои се од суштинско значење за правилниот интелектуален и моторен развој на најмладите. Наменети се за поддршка на стручниот кадар во реализацијата на секојдневните активности и за целосно искористување на детскиот потенцијал низ процесот на учење преку игра. Вакви материјали се обезбедени и доставени до сите објекти на детските градинки низ Кисела Вода.

Ова е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за сеопфатно унапредување на предучилишното воспитување, што вклучува модернизација на просториите и континуирано вложување во условите за правилен детски раст.

-Вложувањето во раниот детски развој и континуираното унапредување на условите во кои престојуваат најмладите е еден од нашите највисоки приоритети. Преку обезбедувањето на овие едукативни материјали, директно придонесуваме кон поквалитетен образовен процес уште од најрана возраст и создаваме стимулативна средина за згрижување и воспитување на децата- истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Споделете:

Scroll to Top
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
ultrabet
jojobet
jojobet
Betgaranti
Hititbet 2026
kavbet
kavbet
Betgaranti
vaycasino
Betgaranti
Betpark
Betgaranti
vaycasino
bahsegel
onwin
vaycasino
ikimisli
ikimisli
ikimisli
ikimisli
ikimisli
ikimisli