Советот за социјална заштита на општина Кисела Вода одржа работна седница на која учествуваа претставници од Центарот за социјална работа, невладини организации, Асоцијација Гаспар, Здружение за дислексија Ајнштајн, хуманитарната организација „Свети Спас“, Црвен крст, претставници од детските градинки, општинската администрација и советниците од Советот на општината.
Присутните ги споделија досегашните искуства и дискутираа за нова предлог програма и идните активности на советот.
Фокусот е ставен на на раната детекција на ризиците, засилена соработка меѓу институциите и поддршка за сите граѓани и семејства. Општината останува посветена на грижата на оние кои највеќе имаат потреба.










