Овој продолжен викенд, љубителите на спортот, во Кисела Вода ќе имаат можност, бесплатно да проследат повеќе спортски натпревари.Во петок, сабота и недела клубовите од Кисела Вода ќе играат ракомет, одбојка и кошарка.Во петок во спортската сала „Архиепископ Доситеј“, со почеток во 17:00 часот, ќе се натпреваруваат ракометните клубови Драчево-Јуниор и Македонија Ѓорче Петров.Следниот ден, во сабота, во истата спортска сала пионерите на ракометните клубови Вардар и Мулти Есенс ќе играат од 12:00 часот. По нив, од 14:30 ќе се натпреваруваат пионерите на РК Спартак и РК Илинден.Кадетите на ракометните клубови Вардар и Куманово ќе играат од 16:30 часот, додека младинците до 16 години, на Вардар ќе играат од 19:00 часот, против Алкалоид.Во сабота, во спортската сала „Независна Македонија“, денот ќе биде исполнет со многу натпреварувања.Кошаркарите на Ангели до 16 години, со почеток од 10:00 часот ќе и се спротивстават на екипата на Вибас. Младинците 18 на Ангели, од 12:00 часот ќе се борат за победа над кошаркарската екипа Ролингс од Струмица.Одбојкарскиот клуб Фламинго, од 17:00 часот, ќе игра против тимот на Николовски од Струмица, а со почеток од 20:00 часот, силите на теренот ќе ги одмерат сениорките на Јанта Волеј и Вардар ЕМ. И недела е ден резервиран за спорт во Кисела Вода. Во „Независна Македонија“, кошаркарите на Ангели ќе направат се да се покажат во најдобро светло.Со почеток во 12:00 часот, Ангели ќе играат против екипата на Пелистер, а од 14:00, во рамки на првата кошаркарска лига до 16 години, ќе играат Ангели и Младинец. Пред одигрување на овие натпревари, во петок кошаркарите на Ангели, на гостински терен, во спортската сала „Јане Сандански“ ќе играат против екипата на МЗТ од Аеродром. Истиот ден, младинците 18 на Ангели ќе играат во Делчево.



