Стартува 11-тото издание на „Киненова“, филмската програма ќе се следи во кинo-салите во општина Кисела Вода

Денеска беа најавени деталите за 11-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Киненова 2026“, кој под овогодишниот слоган „На прво светло“ ќе се одржи од 14 до 17 октомври. На официјалната прес-конференција беа претставени богатата фестивалска програма, филмовите што ќе бидат прикажани и локациите каде што публиката ќе може да ги проследи проекциите.

Свеченото отворање на фестивалот е закажано за 14 октомври во киното „Фросина“ во МКЦ, со прикажување на најновата моќна социјална драма „Три недели подоцна“ на режисерот Мирослав Терзиќ. Директорот на фестивалот, Небојша Јовановиќ, истакна дека овогодишната селекција носи шест врвни остварувања на светската кинематографија со акцент на важни општествени теми и хуманистички поглед кон ранливите групи.

Уметничкиот директор на фестивалот, Гена Теодосиевска, истакна дека на 11-тото издание на ИФФ „Киненова“ ќе има референтни автори и искрени, моќни и гласни филмски стории. Таа најави и дека земја во фокус годинава е Албанија, а во чест на годинешниот лауреат, истакнатиот светски режисер Емин Алпер кој доаѓа во Скопје, публиката ќе има можност да го погледне неговиот дебитантски филм „Зад ридот“.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, изрази големо задоволство и истакна дека општината континуирано ја претвора во реалност поддршката за културата и современите уметнички содржини.

-Преку поддршката што ја даваме за Фестивалот и фактот што токму нашите кино-сали ќе бидат местото каде што ќе се одржува фестивалската програма, Општина Кисела Вода директно придонесува за создавање услови за промоција на филмската уметност. Даваме конкретна поддршка на младите автори и ги доближуваме современите културни содржини до граѓаните. Тоа не е само фраза, туку наша стратешка цел,“ истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Посебно внимание на прес-конференцијата беше посветено на младите таленти и едукацијата. Како локална самоуправа чиј приоритет остануваат младите и нивниот креативен развој, преку Јавниот повик за проекти од локално значење, Општина Кисела Вода овозможи ученици од основните училишта да бидат дел од филмските работилници „Снимај паметно, остави трага“.

Во соработка со познатата режисерка и ментор Марија Џиџева, која објасни дека работилниците се насочени кон чувствителни теми како врсничкото насилство, учениците ќе имаат извонредна шанса да учат од стручни лица од областа на кинематографијата. Тие самите ќе креираат свои филмски приказни, а најдобрите од нив ќе бидат прикажани на фестивалот.

-И најважното, по свеченото отворање, целата филмска програма на „Киненова 2026“ се сели токму кај нас, во Општина Кисела Вода. Благодарение на двете кино-сали кои ги отворивме во соработка со „Киноверзум“, во Домовите на култура во Кисела Вода и во Драчево, овозможивме вакви значајни меѓународни фестивали и врвни филмски остварувања да можат да се гледаат и следат токму тука, во нашата општина. Со вложување во културата и младите, инвестираме во нашата иднина. Ве поканувам сите да бидете дел од овој фестивал и заедно да уживаме во филмската магија во нашите кино-сали-порача на крајот градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

May be an image of one or more people and text
May be an image of studying
May be an image of studying
May be an image of one or more people and text

Споделете:

Scroll to Top
bettilt
bettilt
betpark
bettilt
betnano
holiganbet
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betnano
betpark
Betpark
casinolevant
Betpark
betpark
jojobet
jojobet
jojobet
jojobet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
betgaranti
betgaranti
Runtobet
runtobet giriş
runtobet
betpark
betpark
betpark
casinolevant
casinolevant
betpark
betpark
betpark
betpark
kolaybet
betgaranti
bettilt
bettilt
betnano
betnano
artemisbet
betnano
artemisbet
betpark
betpark
betpark
betpark