Францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер во посета на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска

Денес, во Општина Кисела Вода, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари средба со францускиот амбасадорот, Н.Е. Кристоф Ле Риголер.

Средбата помина во духот на пријателство и заемна почит, при што беа разменети мислења за унапредување на соработката и продлабочување на партнерските односи, со посебен акцент на образованието, културата и промоцијата на европските вредности на локално ниво.

Посетата има и симболично значење, имајќи предвид дека токму амбасадорот Ле Риголер, на почетокот од 2025 година, на свечена церемонија во Француската резиденција во Скопје, ѝ го додели на Стаменкоска Трајкоска високото француско одликување „Витез од редот на академските палми“. Одликувањето ѝ беше врачено додека таа беше пратеничка во Собранието на Република Македонија и претседателка на Секцијата на Собранието во Парламентарното собрание на Франкофонијата, како признание за нејзиниот исклучителен придонес во промоцијата на француската култура, образованието и франкофонската заедница.

-За мене претставува особена чест и големо задоволство денес да го пречекам францускиот амбасадор во Општина Кисела Вода. Оваа средба е уште една потврда за одличните односи и заемната почит што постојат помеѓу нашата држава и Француската Република.

На почетокот од оваа година, во својство на пратеничка, имав чест да бидам одликувана со признанието “Витез од редот на академските палми”, што го доживувам како потврда за долгогодишниот континуиран ангажман во промовирањето на француската култура, образованието и франкофонските вредности. Денешната средба претставува природно продолжение на таа соработка и взаемна доверба. Како градоначалник, силно верувам дека ваквите односи треба да се надградуваат и на локално ниво, преку конкретни партнерства и иницијативи од заемен интерес. Општина Кисела Вода останува отворена за соработка, со цел создавање нови можности и подобар квалитет на живот за нашите граѓани- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Споделете:

Scroll to Top
vdcasino
hititbet
grandpashabet
vdcasino giriş
hititbet
grandpashabet
vdcasino
betwoon
betwoon
betasus
imajbet
betpipo
betpark
betpark
betpark
betpark
vdcasino giriş
Vdcasino Giriş
vizebet
piabet
imajbet
avvabet
imajbet
imajbet
vaycasino
Betzula
kralbet
safirbet
bettilt
bettilt
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
kralbet
kralbet
imajbet
imajbet
norabahis
norabahis
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
imajbet
vaycasino
vaycasino
betpark giriş
vaycasino
vaycasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino giriş
imajbet
imajbet