Search
Close this search box.

Градоначалникот Беличанец-Алексиќ додели ваучери за новороденчињата од општина Кисела Вода

Семејствата на новите 40тина жители на општина Кисела Вода, денес од градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ добија ваучер во вредност од 6000 денари. Со денешното, 25то по ред доделување на еднократна помош за новите родители од општината, бројот на досега доделени ваучери се искачи на 1100.

-Одлуката за јавно доделување на ваучери за еднократна парична помош на семејствата кои имаат принова, што ја спроведуваме веќе две години, е со цел да им излеземе во пресрет на семејствата за нивните првични потреби кои доаѓаат со новороденчето. Истата ќе се запази се до крајот на мојот мандат-потенцираше градоначалникот Беличанец-Алексиќ во своето обраќање.

Честитајќи им на присутните, таа уште еднаш испрати порака до сите останати родители од општина Кисела Вода кои имаат принова да ја поднесат потребната документација за остварување на еднократната парична помош.

Споделете:

Scroll to Top