Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ ги посети децата со посебни потреби од ПОУ “Кузман Јосифовски – Питу” и во таа пригода им додели ваучери за бесплатно зимување во Берово. Градоначалникот Беличанец – Алексиќ, предвидените средства за репрезентација во буџетот на Општина Кисела Вода за 2013 година ги пренамени за подмирување на трошоците за реализација на зимувањето. За ова зимување да биде реализирано претходно беше обезбедена согласност од страна на сите родители. Зимувањето ќе се реализира во периодот од 09.01.2013 година до 15.01.2013 година, со обезбеден полн пансион. Советот на Општина Кисела Вода, претставуван од Претседателот Трајче Донев, донираше пакетчиња, додека добронамерници од општината донираа обувки и топла облека.