Search
Close this search box.

Кисела Вода домаќин на државното првенство во кошарка

Од денеска до сабота, општината Кисела Вода е домаќин на државното првенство во кошарка – училишен спорт (основни училишта). За шампионската титула  покрај  домаќинот  ОУ “Невена Георгиева Дуња” и ОУ”Владо Тасевски” како претставници од градот Скопје, учество ќе земат  основните училишта: “Васил Главинов” – Велес, “Славчо Стојменски” – Виница, “Димката Ангелов – Габерот “– Кавадарци и “Св.Климент Охридски” – Битола.  Жребањето е закажано за 12 часот, салата “Независна Македониjа” во ОУ “Невена Ѓорѓиева-Дуња”, свеченото отварање ќе биде во 13.30 минути, а веднаш потоа ѓе се одиграат четири натпревари. 

Споделете:

Scroll to Top