Search
Close this search box.

Крводарителска акција во општина Кисела Вода

Традиционално и оваа година во Кисела Вода се одржа крводарителска акција во организација на општината и општинската организација на Црвен Крст-Кисела Вода, во соработка со Заводот за трансфузиологија-Скопје .

Во периодот од 11 до 15 часот, во Големата сала, 30 хумани граѓани донираа крв и со тоа ја изразија својата желба да помогнат и да спасат нечиј живот. Крв даруваа и претставници на општинската администрација и членови на сите месни и урбани заедници од општината.

Задоволни сме од одзивот на денешната крводарителска акција. Меѓу дарителите имаше и такви  кои имаат ретка крвна група и нови, кои за прв пат даруваат крв-изјави д-р Јасмина Трајкова од Институтот за трансфузиологија.

Најмладиот дарител  на оваа акција која се одржува под мотото “Придружете ни се да даруваме крв денес, зошто утре можеби и нам ќе ни треба!” имаше 21 година, а највозрасниот 60.

Споделете:

Scroll to Top