ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ 71 РОДЕНДЕН

Денеска, најстарата скопска општина Кисела Вода свечено го прослави својот 71. роденден, со што официјално се отвори нејзината осма декада. По тој повод беше одржана свечена седница на Советот на општината.

Настанот го отвори ученичката Бисера Мојаноска од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ со интонирање на македонската државна химна. По неа, свое обраќање пред присутните имаше претседателката на Советот, Светлана Колариќ.

Централниот дел од свеченоста беше отчетното излагање на градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, која даде фокус на сработеното во изминативе 7 месеци и континуираниот развој во сите клучни сектори.

-Во поглед на инфраструктурата, општината активно работи на капитални зафати, решавање на децениски предизвици, модернизација на патната мрежа и унапредување на комуналните услуги за поубава и побезбедна животна средина. Што се однесува до образованието и најмладите, континуирано се вложува во создавање на најсовремени услови за престој и учење во градинките и училиштата, бидејќи грижата за иднината започнува од најраната возраст. Општина Кисела Вода е силно посветена и на спортот и културата, па така темелно се обновува спортската инфраструктура и се инвестира во културниот живот, враќајќи ги старите симболи на општината и создавајќи нови традиции за сите генерации. Подеднакво важна е и социјалната грижа, каде се обезбедува сеопфатна поддршка преку низа конкретни социјални мерки дизајнирани да одговорат на потребите на најранливите категории и да понудат достоинствена грижа за секој граѓанин. Како раководство на општината, наша задача е да креираме иднина. Затоа, денешниот ден е пред сè ден за отчетност пред вас, граѓаните. А нашиот пристап кон менаџирањето со општината се темели на континуиран развој во сите клучни сектори – истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска во своето обраќање.

Taa упати огромна благодарност до Владата и премиерот Христијан Мицкоски, до надлежните министерства, како и до Градот Скопје и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, потенцирајќи дека со нивната поддршка се докажува како треба да изгледа соработката кога интересот на граѓаните е на прво место. Искрена благодарност беше упатена и до советниците во Советот на општината за конструктивноста, како и до општинската администрација која е моторот во реализацијата на политиките. Најважната благодарност беше упатена до граѓаните, за довербата, трпението, но и за критиките кои помагаат општината да биде уште подобра.

На крајот, свеченоста беше заокружена со доделување на статуетки во форма на клуч на заслужните граѓани за развојот на Општина Кисела Вода.

Оваа година статуетки им беа доделени на:

Ристе Стојанов – КЕЦ АЕРОДРОМ

Бранислав Ѓоѓиевски – ГЕОПРОМ

СЕТЕК се од техника – Андреа Николовски

ЏС АКТУЕЛ ДООЕЛ – Игор Дончев

Малами ДООЕЛ Скопје – Марија Синадиновска Арсовска

Kитка Plant Farm – Зоран Весковски

Верче Ангеловска

Елена Мицковска

Здравко Ацевски „Б плус“ компанија

Кошаркарските клуб „Ангели“ – Благоја Кечовски

Јанта Волеј – Горан Јаневиќ

ЖКК БАДЕЛ1862-Скопје – Љупчо Павловски

ФК Кул Здравје – Рацо Цветановски

Проф. д-р Милорад Јовановски

Командир Маја Стојановска

Влатко Миладиновски

Проф. д-р Гоце Цветановски

Споделете:

Scroll to Top
vdcasino
hititbet
grandpashabet
vdcasino giriş
hititbet
grandpashabet
vdcasino
betwoon
betwoon
betasus
imajbet
betpipo
betpark
betpark
betpark
betpark
vdcasino giriş
Vdcasino Giriş
vizebet
piabet
imajbet
avvabet
imajbet
imajbet
vaycasino
Betzula
kralbet
safirbet
bettilt
bettilt
vdcasino
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
kralbet
kralbet
imajbet
imajbet
imajbet
betpark giriş
vdcasino giriş
katlabet
katlabet
norabahis
norabahis
betpark
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
vdcasino
hititbet
hititbet
vdcasino
vdcasino giriş
betorder giriş
milanobet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
milanobet
milanobet
meritking
mrking
norabahis
norabahis
betpark
vaycasino
vaycasino
milanobet
milanobet giriş
betorder