Search
Close this search box.

Основците од Кисела Вода на саем на книга во СЕПУГС “Васил Антевски-Дрен”

Денес учениците од сите основни училишта во општина Кисела Вода беа во посета на Саемот за книга кој се одржа во СЕПУГС “Васил Антевски-Дрен”. Настанот се одржа во организација на ова средно училиште и општина Кисела Вода.

 

Со свои штандови беа присутни повеќе книгоиздателства кои им овозможија на сите основци и средношколци да си пронајдат наслови за себе по преполовени цени. Видно расположени, децата бираа од изложените книги, интересирајќи се за содржината и споделувајќи размислувања околу веќе прочитаното.

Воедно, посетата беше искористена за презентација на наставните содржини што ги нуди СЕПУГС “Васил Антевски ‪Дрен”пред деветоодделенците кои наскоро треба да го изберат средното училиште во кое ќе се запишат. Од страна на професорите во ова училиште, директорот и неколку средношколци кои тука учат, им беа презентирани смеровите што постојат, кои се предиспозициите кои треба да се поседуваат за да се биде ученик во ова училиште, но и како изгледа дружењето, воншколските активности и што значи да се биде ученик во СЕПУГС “Васил Антевски-Дрен”.

Споделете:

Scroll to Top