Search
Close this search box.

“Отворени денови со катастарот” во среда, четврток и петок во Драчево

Со цел да им излезат во пресрет на граѓаните и да ги надминат нејаснотиите во врска со нивните имоти, општина Кисела Вода и  Агенцијата за катастар на недвижности, организираат нови “Oтворени денови на Катастарот”.  

Во среда, четврток и петок (28, 29 и 30. 10.2015) од 09 до 17 часот, во Месната заедница во населба Драчево , стручни тимови од Агенцијата за катастар на недвижности ќе им дадат одговори на засегнатите граѓани за сите нивни прашања од сферата на Катастарот. Сите заинтересирани граѓани од денес, понеделник, до среда, може да закажат лично, со лична карта, во Месната заедница во населба Драчево.

Споделете:

Scroll to Top