Search
Close this search box.

Расте бројот на легализирани дивоградби во општина Кисела Вода

Продолжува процесот на решавање на децениските проблеми на граѓаните во делот на впишување на правото на сопственост на нивните објекти во општина Кисела Вода. Нови 50 решенија за легализација на дивоизградени објекти денеска додели градоначалникот на општината, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Со денешната легализација, од вкупно  11 874 достасани, бројот на решени предмети се искачи на 2689.

-Со големо задоволство сакам да истакнам дека се намалува бројот на граѓани кои немаат доставено геодетски елаборат и заклучно со денешниот ден, нивниот број изнесува 3954-истакна градоначалникот на општина Кисела Вода.

Укажа дека доставувањето на комплетната документација до општинските служби е вистинскиот начин за сите оние граѓани кои поседуваат дивоградба, заеднички со општината, да делуваат во насока на рамномерен просторен развој, рационално уредување на просторот и создавање на услови за хумано живеење и работа. Потенцираше дека дека заокружувањето на процесот на легализација ќе биде заеднички успех.

-Со новите детални урбанистички планови, кои на овој начин ќе можат да бидат донесени, на граѓаните и бизнис заедницата им даваме шанса за изградба на нови објекти и проширување и реконструкција на постоечките. Само на тој начин ќе придонесеме за успешен развој на нашата општина- изјави градоначалникот Беличанец-Алексиќ .

 

Споделете:

Scroll to Top