Search
Close this search box.

“Соседска патрола” низ општина Кисела Вода

Локалната самоуправа заедно со единиците на Министерството за внатрешни работи синоќа изврши обиколка на повеќе воспитно-образовни објекти, паркови, игралишта кои во ноќните часови честопати знаат да бидат збиралиште за потенцијално ризични социјални групи или малолетници кои консумираат алкохол и остануваат до раните утрински часови, спротивно на законот.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со претставници на општинската администрација, месните заедници, директори на градинки и училишта и претставници од Полициската станица Кисела Вода и Одделението за превенција од криминал при СВР Скопје, во текот на вечерта и ноќта ги посетија дворовите на ОУ “Круме Кепески”, градинките “Расадник” и “Пржино” при “8 Март”, парковите “Македонија” и “Шопен”, неколку игралишта и напуштени објекти …

Со лицата кои беа затекнати, беше направен разговор и им беа објаснети законските правила и прописи, со цел едукација и подигање на свеста за и превенција од ситуации кои можат да доведат до посериозни нарушувања на јавниот ред и мир и безбедноста на жителите на ова подрачје. Заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници и единиците на локалната самоуправа кои се дел од стратешката рамка за обезбедување на поволни безбедносни услови за живеење на сите жители на општина Кисела Вода, ќе продолжат и во наредниот период. Дополнително, во тимовите ќе бидат вклучени и родители на кои ваквите акции треба да им обезбедат информација каде се движат и што прават нивните малолетни деца во текот на вечерните излегувања и дали има потреба од дополнителна комуникација меѓу нив во однос на укажаната доверба.

 

Споделете:

Scroll to Top