Search
Close this search box.

Шампионска игра на фаворитот

Полни трибини,  на теренот мотиви за докажување на спортскиот талент,  одигрување на натпревари, кои се над просекот за училишен спорт. Тоа накратко ја отсликува новата сезона во училишниот спорт во општина Кисела Вода. Инаку,  кошаркарската лига  започна во знакот на шампионите  ОУ Невена Георгиева Дуња. Избраниците на тренерот Вангел Сувариев во првите две кола беа доминантни во средбите со  Партение Зографски и Кузман Шапкарев. Во првата средба  ,, Дуња“ со 42:21 славеше над  ,,просветителите“, додека во второто коло беа совладани и ,,драчевци“ со 42:14. Мора да се истакне дека добра екипа има формирано и ОУ Рајко Жинзифов. Тие во второто коло ја совладаа борбената екипа на ОУ Кирил Пејчиновиќ,  и оттука избраниците на тренерот Јовица Ефтовски ја најавија борбата за челната позиција на табелата.  

 

Конечни резултати (прво коло):  Н.Г.Дуња-П.Зографски 42:21, К.Шапкарев – Св.К.Охридски 22:28, (натпреварите К.Пејчиновиќ –К.Кепески и Р.Жинзифов-К.Ј.Питу се одложени на барање на училиштата поради екскурзија).

Конечни резултати (второ коло): Р.Жинзифов –К.Пејчиновиќ 43:28, К.Шапкарев-Н.Г.Дуња 14:42, К.Ј.Питу-К.Кепески 36:34, Св. К.Охридски – П.Зографски 22:42.

Споделете:

Scroll to Top