Ѓорѓиевски: Целосна реконструкција на “Вера Јоциќ” со краците и паркинзите и изградба на нов паркинг

За десетина дена ќе биде завршена целосната реконструкција улицата “Вера Јоциќ” и нејзините краци. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес изврши увид во финализацијата на овој проект кој опфаќа асфалтирање на површина од околу 5800 квадратни метри и кој исто така опфати реконструкција на постоечките паркинзи и изградба на нов паркинг простор за 70 возила.

–Денес се наоѓаме на улицата Вера Јоциќ, на чија целосна реконструкција Општина Кисела Вода интензивно работеше во изминатите неколку месеци. Се работи за поголема површина од околу 5800 квадратни метри кои опфаќаат 720 метри од самата улица, но и двата нејзини краци. Асфалтирањето на овој потег беше голема потреба, бидејќи на коловозот постоеја огромни оштетувања, дупки и големи нерамнини што го отежнуваше сообраќајот. Освен што интервениравме со реконструкција, левата страна ја одделивме со столпчиња и на тој начин создадовме пешачка зона, додека на десната страна од оваа улица отворивме џебови за паркирање што овозможи паркирање на 70 возила.

Со цел да се подобри сообраќајот во мирување во овој дел од Кисела Вода, ги реконструиравме и паркинзите пред околните згради- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, додавајќи дека на овој начин се надминува уште еден горлив проблем на жителите на овој дел од општината кои долго време упатуваа поплаки за недоволен број на места за паркирање. Додаде дека се поставени и сливници и штедливо осветулување, а информираше и за останатите градежни активности во овој дел на Кисела Вода.

 

-Ова не е единствениот зафат во урбаната заедница Цветан Димов. Пред само неколку дена, започнавме и со целосна реконструкција на улицата ,,Емил Зола” во која се вклучени и краците на истата, како и паркинзите. И тука е планирана изведба на нов паркинг простор. Претходно, целосно ги реконструиравме и “Тоне Томшиќ”, крак на улицата “Мишко Михајловски” и дел од “Дичо Петров”. Она што е заедничко за сите вие споменати улици е дека тие не биле санирани по 30, 40, па и 50 години. Продолжуваме со целосната обнова на патната инфраструктура на општина Кисела Вода која во овие 19 месеци, откако сум дојден на градоначалничката позиција опфатија преку 50 км улици, и која ќе трае се додека не го исполнам ветувањето дадено пред граѓаните- во нашата општина да нема улица која не е асфалтирана-додаде градоначалниот Ѓорѓиевски.

Споделете:

Scroll to Top
bettilt
bettilt
bettilt
betnano
holiganbet
holiganbet
holiganbet
holiganbet
betnano
betpark
Betpark
casinolevant
Betpark
betpark
jojobet
jojobet
jojobet
jojobet
betpark
betgaranti
betgaranti
Runtobet
casinolevant
casinolevant
betpark
kolaybet
bettilt
bettilt
betnano
betnano
artemisbet
betnano
artemisbet
betpark
betpark
betpark
betpark
Hititbet
Hititbet
hititbet
runtobet güncel giriş
hititbet
betpark
betpark
casinolevant
casinolevant
casinolevant
sahabet
sahabet
runtobet
hititbet
hititbet
betlivo
betlivo
betlivo
betlivo
imajbet
imajbet
bettilt
celtabet
celtabet