Search
Close this search box.

Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи 11-та пленарна седница

Ве известуваме дека единаесетата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 25.12.2013 год.(среда)  со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:

1.Предлог-Одлука за утврдување на Предлог детален урбанистички план за реон Ј , четврт Ј08 Општина Кисела Вода Скопје, плански период 2013-2018;

2.Предлог-Одлука за потврдување на идентичност на картирани подлоги за донесен ДУП дел од Исток – А, населба Драчево – 4 Општина Кисела Вода;

 

3.Предлог-Одлука за утврдување на границата на планскиот опфат за кој може да се изврши вклопување на бесправно изградени објекти во КО Горно Лисиче Градежен и КО Горно Лисиче вон Градежен – Општина Кисела Вода;

4.Предлог-Одлука за утврдување на границата на планскиот опфат за кој може да се изврши вклопување на бесправно изградени објекти во КО Усје и КО Кисела Вода 1 – Општина Кисела Вода;

5.Предлог-Одлука за утврдување на границата на планскиот опфат за кој може да се изврши вклопување на бесправно изградени објекти во КО Драчево 2 – Општина Кисела Вода;

6.Предлог-Одлука за избор на членови на Управниот одбор –  претставници од  Советот на родители во ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;  

7.Давање Согласност на Статутот на ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;

8.Предлог-Правилник  за измени и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката на давање на користење на термини во спортските сали ,,Независна Македонија,, и ,,Архиепископ Доситеј,, при Општина Кисела Вода бр.07-53/15 од 10.07.2013 година.

9. Предлог-Буџет на Општина Кисела Вода за 2014 година;

10.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2014 година;

11. Советнички прашања

 

Споделете:

Scroll to Top