Search
Close this search box.

16 дена активизам за 365 дена без насилство!

Во преполна сала денес, се одржа одличен настан во кој ни се приклучија институциите, училиштата како и невладините организации, а во рамки на кампањата за стоп на насилството врз жените и девојчињата.

 

За мене беше огромна чест што денес видов толку голем број на посетители, што значи само едно – дека сите заедно се обединивме во благородната мисија против родово базираното насилство-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој во своето обраќање пред присутните истакна:

-Како локална самоуправа која се грижи и презема значајни чекори за сигурноста и безбедноста на секој свој жител, општинa Киселa Вода оваа кампања ќе ја спроведува во текот на целата година.

Токму затоа и ја насловивме ,,16 дена активизам за 365 дена без насилство”.

 Под овој слоган ќе се реализираат низа активности поврзани со препознавањето, адресирањето и превенцијата на насилството врз жената.

 Посебен акцент ставаме врз заштитата на најмладите, врз спречувањето на врсничкото насилство кое во најразлични форми е се поприсутно во нашето општество.

Оттука, низ сите училишта ќе се одвиваат обуки за кои се надевам дека ќе придонесат во подигнување на свеста кај учениците, ќе помогнат да свртиме вниманието кон проблемот што светот со години наназад светот го игнорира, а жртвите, за жал, го живеат.

Неопходно е да се разговара, да се сподели, да се охрабри, да се заштити бидејќи проблемот може да постои насекаде. И во домот, во училницата и на работното место.

А насилството не е само тупаница. Почитувани, не смееме да ја вртиме главата настрана.

Потребна е свест, волја и силни заложби за наметнување на здрави концепти на живеење, на здраво семејство, здрава работна средина, здраво општество каде ќе нема место за дискриминација, за булинг, за  насилство во било каква форма.

Се надевам дека со кампањите како што е оваа, со заедничкиот ангажман на сите институции, ќе ја постигнеме целта и затоа уште еднаш сакам да ви се заблагодарам за поддршката што ја давате преку вашето ценето присуство и сите активности кои следат.

Споделете:

Scroll to Top