Ве известуваме дека Триесеттата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 07 Јули 2015 година (вторник) со почеток во 11,00 часот
-Усвојување на Записник од 28-та пленарна седница на Советот;
-Усвојување на Записник од 29-та пленарна седница на Советот;
1.Предлог-Одлука за воспоставување соработка помеѓу Градот Скопје и Oпштина Кисела Вода заради изградба на крак од улица „Вера Јоциќ“;
2.Предлог-Одлука за донесување на урбанистичко-планска документација со која ќе се изврши усогласување на намените на бесправно изградениот објект и земјиштето во КП 1953/8 КО Драчево 2;
3.Предлог-Одлука за одобрување средства како еднократна парична помош на Зоран Димовски;
4.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во Големата сала во барака 7.