Градоначалникот Беличанец-Алексиќ и министерот Спасов на посета во градинката “8 Март” во Пржино

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ денеска ја посетија детската градинка „8 Март“ во  населбата Пржино, во општина Кисела Вода, каде децата заедно со своите воспитувачки, негувателки и родители имаат засадено разни видови зеленчук во својата градина „Тиквичка“, како дел од активностите за подигнување на свеста за здравата исхрана.

 

– Министерството за труд и социјална политика, во соработка со единиците на локалната самоуправа и детските градинки ширум Република Македонија, се вклучува во владината кампања “Здравјето е избор”. Имено преку еден координиран систематски пристап, во соработка со повеќе институции, сакаме на повеќе начини да влијаеме, пред се, на подигнување на квалитетот на храната во детските градинки-наведе министерот Спасов.

Исто така, додаде, преку програмата за едукација на дечињата во предучилишна возраст, сакаме да ги едуцираме за значењето и влијнието на здравиот начин на изхрана, за важноста на зеленчукот  и овошјето во секојдневната исхрана. Притоа, преку еден координиран пристап, започнавме со  процес на создавање на градини во детските градинки, преку кои дечињата можат да се едуцираат за начинот  на садење на овошјето и зеленчукот и за хранlивите состојки кои тие ги имаат, но и да стекнат здрави навики, со што се влијаe и врз нивните идни навики во однос на здравиот живот. И понатаму во соработка и со детските градинки и општините, ќе продолжиме со низа активности  за подобрување на квалитетот на исхраната. Ги сменивме нормативите и стандардите , во делот на исхраната  воведовме нов правилник и нови менија, што претставува значајна  и клучна реформа за подобрување на квалитетот на исхраната и во таа насока ќе продолжиме и во иднина-истакна министерот Спасов.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ истакна дека идејата на ваквите активности е да се подигне свеста за здравата храна од најмала возраст, за значењето на свежото овошје и зеленчук.

Многу се радувам  на целата владина кампања, со тоа што општина Кисела Вода, на локално ниво,беше предвесник  на целата оваа идеја, бидејќи ние уште минатата година во градинките, училиштата и кујните при училиштата и градинките, реализиравме еден мини проект за теоретска обука за складирање, чување и подготвување на храната. Веќе оваа учебна година во основните училишта започнавме проект, преку кој, фирмите кои беа избрани преку тендерска постапка беа задолжени да вклучат и нутриционист ,кој дефинира исто мени во сите училишта на територија на општина Кисела Вода. Овој проект веќе се имплементира и можам да кажам дека се инсистира на почитување на параметрите зададени од нутриционистот. Свесни дека секој почеток е тежок, поготово за нештата кои се нови, уште од стартот предвидовме нутриционистот,кујните, директорите, наставниците и училишниот одбор да бидат вклучени во сето тоа и да ги едуцираат родителите, односно  да им одговорат на сите нивни  отворени прашања-потенцираше градоначалникот на општина Кисела Вода Беличанец-Алексиќ.

Резултатите од ваквите активности, додаде,  ќе можат да се видат во иднина во однос на бенефитите за здравјето на индивидуата.

Директорка на градинката Снежана Климановска истакна дека е неоходно да се едуцираат родителите за здравата исхрана на децата, бидејќи, како што рече, неоходно е децата, покрај во градинката, здраво да се хранат и дома. Тоа. додаде, се две алки кои треба да бидат врзани за да се постигне очекуваниот резултат кој генерално на ниво државата се очекува да се постигне.

Министерот Спасов и градоначалникот Беличанец-Алексиќ потоа појдоа во кујната на градинката “8 Март” каде имаа можност да се уверат како се подготвува едно дневно мени на дечињата и како изгледа еден нивен оброк.

Споделете:

Scroll to Top
hititbet
Betgaranti
betgaranti
kolaybet
hititbet
hititbet güncel giriş
hititbet
vdcasino
vdcasino
hititbet
Hititbet Giriş
hititbet
hititbet
hititbet
tuzla cilt bakım
Tuzla İpek Kirpik
Tuzla Güzellik Merkezi
hititbet
hititbet giriş
hititbet güncel giriş
hititbet giriş adresi 2026
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
Tuzla İpek Kirpik
kralbet
betnano
betnano
betnano
kralbet
kralbet
kralbet
setrabet
setrabet
kralbet
hititbet
hititbet
Tuzla Lenf Drenaj
Tuzla Cilt Bakım Merkezleri
Tuzla Kirpik
Tuzla Cilt Bakım
Tuzla Cilt Bakım Merkezi
betgaranti
kolaybet
betgaranti
xslot
xslot
hititbet
betnano
betnano
kralbet
kralbet
betpark
betpark
betpark
betgaranti
betpark
Sosyal Medya Yönetim
Hititbet
xslot
xslot
xslot
kralbet
betnano
kralbet