Во општина Кисела Вода промовиран системот за функционирање на подземни контејнери

И општина Кисела Вода се приклучи кон модерните светски центри кои современо го третираат отпадот. Денес, градоначалникот на општината Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, градоначалникот на град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП Комунална Хигиена Ракип Дочи, ја промовираа втоfрата фаза од заедничкиот проект за подземни системи за одлагање на смет, кој стартува од Кисела Вода.

-Во минатите години ваков систем направивме во општините Центар и Чаир и искуствата се многу позитивни. Проблемите кои се појавија брзо беа надминати.

 

 

Втората фаза ќе опфати нови три општини, во секоја општина ќе има по три локации и на секоја од нив ќе бидат поставени по три подземни контејнери. По два за одложување на комуналниот отпад, а еден за ПЕТ амбалажа-исткна г радоначалникот на град Скопје Коце Трајановски

Тој информираше дека финансирањето е заедничко-една третина покрива градот, една ЈП Комунална Хигиена, а една третина од вкупната сума на проектот ја покриваат општините. Додаде дека рокот на изградба е околу два месеца и дека по завршувањето на втората фаза ќе бидат опфатени и други општини.

Директорот на ЈП Комунална Хигиена, Ракип Дочи потенцираше дека овој проект значи унапредување на мерките за одлагање на отпадот со цел подобра и поздрава животна средина.

Овој систем кој сега се поставува е малку унапреден во однос на претходниот кој беше поставен во првата фаза. Имено, направени се подобрувања во дизајнот, во начинот на отворање на контејнерите и начинот на одлагање на отпадот-информираше директорот на ЈП Комунална Хигиена, Ракип Дочи.

Подземните контејнери се иноксни и секој од нив има зафатнина од 3 кубни метри. Предноста на ваквиот начин на собирање на отпадот е повеќекратна, посебно ако се има предвид фактот што еден ваков подземен контејнер според капацитетот заменува три од  постоечките контејнери кои се во употреба, па се постигнува повисок степен на хигиена и избегнување на непријатната миризба која често е присутна во близина на контејнерите.

Градоначалникот на општина Кисела Вода Бијана Беличанец-Алексиќ се заблагодари на градот Скопје и на ЈПКомунална хигиена што имаа слух за потребите на општина Кисела Вода.

 –Имено општина Кисела Вода одреди три локации каде овие подземни контејнери ќе бидат поставени. Првата е онаа на која денес се наоѓаме и од каде симболично започнува овој проект- улицата “Христо Татарчев”, во Расадник. Како што можете да забележите, се работи за доста фреквентна локација, во непосредна близина има градинка и големи станбени единици, па и потребите беа поголеми. Втората локација на која ќе се постават подземните контејнери е улицата “Димо Хаџи Димов”, и третата,  во Драчево, на улицата “Јанко Мишиќ”.

 Воедно сакам да кажам дека општина Кисела Вода партиципира во овој проект со 2.2 милиони денари. Кога станува збор за скептицизмот кој се појави кај некои минатата година во однос на тоа дали ќе се продолжи овој проект, еве, на дело докажуваме тој продолжува и дека овие контејнери се повеќе од доволни , а транспарентни сме и околу средствата со кои учествуваме во проектот, како и секогаш кога имаме инвестиции од буџетските средства на општината-истакна градоначалникот на општина Кисела Вода Бијана Беличанец-Алексиќ.

 

Споделете:

Scroll to Top
betpark giriş
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
betpark
imajbet
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
imajbet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
holiganbet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet giriş
norabahis
norabahis
imajbet
bettilt
bettilt
grandpashabet
grandpashabet
imajbet
imajbet
imajbet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
betpark
betpark
betpark
betpark
betpark
grandpashabet
grandpashabet
betsilin
betsilin
norabahis
norabahis
savoycasino
savoycasino
savoycasino
savoycasino
betsilin
betsilin
betsilin
betsilin
norabahis
norabahis
holiganbet
safirbet
betpark
betpark
betnano
betnano
bettilt
imajbet
imajbet
betpark
betpark
savoycasino
betpark
betpark
betine
betine
betgaranti
norabahis
betgaranti giriş
betpark
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
grandpashabet
bettilt
bettilt
vaycasino
vaycasino
vaycasino
imajbet
casibom
casibom
casibom giriş
casibom giriş