Search
Close this search box.

Заврши втората фаза од реализацијата на проектот за развивање на креативниот потенцијал кај децата од градинките

Неодамна заврши втората фаза од реализацијата на проектот за развој и унапредување на свеста за значењето на културата и уметноста со цел развивање на креативниот потенцијал на најмладите и доусовршување на воспитно-образовниот кадар во областа на ликовната и драмската уметност. Оваа фаза ја опфати обуката на главните воспитувачи од секој објект од јавните детски градинки ,,Весели Цветови” и ,,8-ми март”. Обуката се состоеше од повеќе работилници кои се реализираа во период од 18 до 22  ноември. 

 

Во оваа фаза се реализираа неколку работилници на кои се обработуваа  драмските игри како основа за развој на естетските вредности, монолози, дијалози , драматизации, создавање на драмски текст од секојдневни ситуации во градинките, додека пак режисерот Томче Стојков  изврши теоретско навлегување во тајните на драмската уметност, го презентираше начинот на поставување на драмски текстови за деца, приоритети, естетски вредности и прилагодување на ситуации.

Актерката Изабела Новотни во попладневна практична работилница им ги пренесе знаењата за изработка на кукли и предмети и вклучување на сликовниците и фантазијата во драмските игри кај децата во градинките.

Се одржаа и работилници за костимографија, за дотографија и сценографија, а Воспитувачите ја учеа техниката на создавање на предмети од рециклирана хартија и изработка на накит и предмети од фимо маса.  

Во рамките на активностите, воспитувачите извршија посета и на изложба на сликарот Мартиновски и  работилница за изработка на штафелаји.

Последниот ден се одржаа две работилници едната за сликање на стакло а другата техника на декупаж. Попладнето го посетија Театарот за деца и младинци – сценографскиот и костимографскиот дел и ја гледаа претставата ,,Пипи долгиот чорап”.

Со ова заврши втората фаза на проектот, која предизвика вистинско воодушевување  и изблик на креативност кај воспитувачките за што беа благодарни на Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, одделението за култура во општината и реализаторот на проектот ,, Кат продукција”.

Третата фаза ќе биде пресликување на работилниците во градинките со мониторинг  каде обучените воспитувачи ќе ги пренесат искуствата од работата со невообичаени материјали на другите воспитувачки и децата.

Споделете:

Scroll to Top