Search
Close this search box.

Почна акцијата за садење дрвја на улиците и булеварите

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, заедно со градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, државниот секретар во Министеството за животна средина и просторно планирање, Соња Лепиткова и директорот на ЈП „Паркови и зеленило” Душко Авировиќ, денеска со садењето осумдесетина листопадни садници во дрворедите од двете страни на булеварот Борис Трајковски, ја почнаа акцијата за садење дрвја во дрворедите на улиците и на булеварите низ сите 10 скопски општини.

 

Станува збор за акција  на Градот Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“  која  ќе трае до крајот на месец март, во која ќе се обноват веќе постојните дрвореди по улиците или булеварите или ќе се оформат нови дрвореди на улиците и булеварите кои се во надлежност на Градот. За успешна реализација  на оваа акција Градот изготви проект на кој се работеше 3-4 месеци.  Со оваа акција ќе бидат опфатени сите скопски општини и во координација со нив ќе се извршат и промени на некои локациите каде што  за тоа ќе има потреба.  Денеска садиме  листопадни садници од двете страни на булеварот Борис Трајковски, односно од од едната страна липи, а од другата ликвидамбери. Ова е продолжение на заложбите на Градот да го направиме Скопје почисто и подобро место за живеење и како што знаете од 2009 година досега се насадени 60 000 садници, од кои 20 000 се зимзелени грмушки.  Исто така, во текот на месец мај беа засадени и 25 000 рози, а следната пролет планирано е да се засадат уште 10 000 рози, истакна градоначалникот Трајновски.

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, изрази задоволство од успешната соработка со Градот Скопје којашто има дава можности да реализираат многу успешни проекти.

Во рамките на акцијата  во дрворедите по улиците и по  булеварите во Општина Аеродром ќе бидат засадени  401 садници, во Општина Кисела Вода 124 садници, во Општина Ѓорче Петров 63 садници, во Општина Центар 433 садници, во Општина Карпош 453, во Општина Чаир 140 садници, во Општина Бутел 300 садници, во Општина Гази Баба 178 садници,  во Шуто Оризари 50 садници  и во Општина Сарај 35 садници.

На терен  ќе работат  екипите на ЈП „Паркови и зеленило“.

Преземено од: МИА

Споделете:

Scroll to Top