Советот на Општина Кисела Вода ќе ја одржи четиринаесеттата пленарна седница на 07.09.2022 година (среда) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
1.Давање согласност на Годишниот план за вработувањe за 2023 година на ЈДГ „8 Март“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
2.Давање согласност на Годишниот план за вработувањe за 2023 година на ЈДГ „Весели Цветови“ на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
3.Квартални извештаи К1, К2 и К3 за вториот квартал од 2022 година – К1-квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2022 година до 30.06.2022 година; -К2 -квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Кисела Вода, -К3- квартален извештај за промените на состојбата за секое задолжување на општините и јавните претпријатија основани од општините;
4.Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата од надлежност (В) и Програмата ( ВА) – предучилишно воспитување за 2022 година;
5.Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата (Н1) и Програмата (НА) капитални расходи за основно образование за 2022 година;
6.Предлог – Програма за измена и дополна на Програма Г1 – локален економски развој со Потпрограма ГД0 – проекти за енергетска ефикасност за 2022 година;
7.Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата (Ј) – Комунални дејности за 2022 година;
8.Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата (Р) – заштита на животна средина и природа за 2022година;
9.Предлог – Програма за измена на Развојна Програма, Програма од надлежност ЕАО – капитални трошоци на општина, Развојна програма ЕАА – имплементација на нов истем за управување со документи во Општина Кисела Вода – Програма на сектор за управување со човечки ресурси и информатичка технологија;
10.Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за месна самоуправа (капитални расходи ) – (ДАО) – Подпрограма за месна самоуправа – тековно оперативни расходи (Д1О) на Општина Кисела Вода за 2022 година;
11.Предлог – Програма за измена и дополнa на Програмата (Ф) урбано планирање на Општина Кисела Вода за 2022 година;
12.Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2022 година;
13.Советнички прашања.
Седницата ќе се одржи во големата сала во барака 7.