Search
Close this search box.

ОУ “Св. Климент Охридски” доби зелено знаме

Основното училиште “Св. Климент Охридски” од село Драчево  се здоби со статусот “зелено знаме” што значи највисок статус на еколошко училиште.

Статусот “зелено знаме” се одобрува во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“ што се имплементира преку Министерството за образование и наука според потпишаниот Меморандум за соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка.

 

ОХО како национален координатор на интернационалните програми на светската Фондација за еколошка едукација (ФЕЕ) ги реализира програмите Еко-училиште, односно Еко-градинка, во воспитно-образовниот систем во Р. Македонија.

Еко-училиште, е училиште кое ги има усвоено заштитата на животната средина и еколошката едукција како основни вредности во своето работење. Успешната реализација на 7-те чекори еко-менаџмент, интегрирањето на 9-те еколошки теми во наставата и постигнатите резултати од реализацијата на еко-стандардите носат придобивки и резултати и се основа за наградување на еко-училиштата на ниво на Зелено знаме, сребрено и бронзено ниво, како дел од интернационалната мрежа.

Главна придобивка од оваа програма е можноста за создавање мрежа на еко-училишта и еко-градинки, а со членство во мрежата се овозможува учество во национални и интернационални натпревари, аплицирање со проекти и добивање финансиска поддршка од ОХО, поврзување со училишта од регионот и пошироко.

Споделете:

Scroll to Top