Ве известуваме дека единаесетата пленарна седница на Советот на Општина Кисела Вода ќе се одржи на 25.12.2013 год.(среда) со почеток во 11:00 часот, со следниот дневен ред:
1.Предлог-Одлука за утврдување на Предлог детален урбанистички план за реон Ј , четврт Ј08 Општина Кисела Вода Скопје, плански период 2013-2018;
2.Предлог-Одлука за потврдување на идентичност на картирани подлоги за донесен ДУП дел од Исток – А, населба Драчево – 4 Општина Кисела Вода;
3.Предлог-Одлука за утврдување на границата на планскиот опфат за кој може да се изврши вклопување на бесправно изградени објекти во КО Горно Лисиче Градежен и КО Горно Лисиче вон Градежен – Општина Кисела Вода;
4.Предлог-Одлука за утврдување на границата на планскиот опфат за кој може да се изврши вклопување на бесправно изградени објекти во КО Усје и КО Кисела Вода 1 – Општина Кисела Вода;
5.Предлог-Одлука за утврдување на границата на планскиот опфат за кој може да се изврши вклопување на бесправно изградени објекти во КО Драчево 2 – Општина Кисела Вода;
6.Предлог-Одлука за избор на членови на Управниот одбор – претставници од Советот на родители во ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
7.Давање Согласност на Статутот на ЈДГ ,,8 Март,, на Општина Кисела Вода во Град Скопје;
8.Предлог-Правилник за измени и дополнување на Правилникот за условите, начинот и постапката на давање на користење на термини во спортските сали ,,Независна Македонија,, и ,,Архиепископ Доситеј,, при Општина Кисела Вода бр.07-53/15 од 10.07.2013 година.
9. Предлог-Буџет на Општина Кисела Вода за 2014 година;
10.Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на Општина Кисела Вода за 2014 година;
11. Советнички прашања