Search
Close this search box.

Ѓорѓиевски: Нов кабинет по информатика за ООУ “Невена Георгиева Дуња”

Учениците од ООУ “Невена Георгиева Дуња”, од денес наставата по информатика ќе ја следат во помодерни и посовремени услови. Градоначалникот Ѓорѓиевски го посети ова училиште, каде во функција е ставен новиот кабинет по информатика.

 

Мултимедијалната училница е опремена со компјутери, смарт табла, магнетна табла, обезбеден е и нов мебел, анатомски обликувани столчиња со што ќе се зголеми удобноста за работа и ќе се создаде попродуктивна работна атмосфера.

Се работи за инвестиција обезбедена преку донација од Француски институт-Скопје како и приватната компанија”Алумил” и “Уни Банка” кои на овој начин ја покажаа својата општествена одговорност.

-Интензивно работиме на унапредување на условите за основците од Кисела Вода, секојдневно создавајќи им можности за помодерен пристап во наставниот процес. Денес, во функција го ставаме новоопремениот кабинет по информатика во ООУ “Невена Ѓеорѓиева Дуња” кој целосно го опремивме со техничка опрема. Учениците на располагање имаат компјутери, кои се мрежно врзани, печатачи и скенери, на располагање имаат и смарт табла, како и нова магнетна табла, со што даваме можност за унапредување на нивните ИТ вештини. Претходно, ова училиште беше опремено и со интерактивен панел кој веќе активно се користи во наставниот процес. Истиот беше донација од Француската Амбасада.

Нужно е формалното образование ги следи новите технологии и методи, посебно кога денешницата вели дека изборот на дигиталните професии е вистински и сигурен избор во овој момент. Воедно, направивме и ентериерно уредување, обезбедивме нов мебел, квалитетни и ергономски компјутерски столчиња што секако ќе обезбеди подобра работна атмосфера. Сакам да им се заблагодарам на Француски институт-Скопје,  на приватната компанија”Алумил” и на “Уни Банка”, бидејќи ги препознаа и ги следат нашите благородни заложби за креирање на стручна, едуцирана младина која е може да одговори на потребите на пазарот. Оваа нивна донација е вистински чекор во таа насока-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски, кој додаде дека претходно ваков кабинет за информатика им беше обезбеден и на учениците од ООУ “Круме Кепески”, а за сите основни училишта во Кисела Вода во повеќе наврати се обезбедуваа дигитални табли и смарт телевизори.

Во ООУ “Невена Георгиева Дуња” настава следат 618 ученици. Покрај повозрасните кои предметот информатика го имаат во повисоките класови, новиот кабинет по информатика ќе го користат и учениците од одделенска настава кои “Работа со компјутери” изучуваат од трето одделение.

Споделете:

Scroll to Top