Search
Close this search box.

Огромен интерес кај граѓаните за средба со Градоначалникот на Кисела Вода

Можноста за директна средба на граѓаните со првиот човек на Општина Кисела Вода, граѓаните максимално ја искористуваат. Секој четврток, во периодот од 11:00 до 16:00 часот, малата сала во општината е исполнета со граѓани, кои чуствуваат потреба да разговараат за проблеми локално значење, но дел од нив даваат и свои предлози и идеи за подобрување на работата на локалната самоуправа.

-“Градоначалничката е секогаш достапна за нас. Комуницираме преку веб-страната на општината и преку социјалните мрежи, но некогаш е подобро да се видите лично за да се презентираат одредени идеи и предлози” – вели жител на општината, кој средбата со градоначалникот ја закажал преку социјалната мрежа Фејсбук.

 

Разговорите со граѓаните се одвиваат во неколку правци. Дел од граѓаните доаѓаат со прашања од социјалната сфера, дел од граѓаните нудат проекти, дел се граѓани што бараат решавање на комуналната инфраструктура, а има и граѓани кои бараат вработување.

Покрај градоначалникот, на средбите присуствуваат и соодветните раководители на сектори, кои изворно можат да се запознаат со барањата на граѓаните и на терен благовремено да интервенираат.

Покрај отворениот ден со граѓаните, градоначалникот Беличанец – Алексиќ заедно со раководниот тим од општината, на секои три месеци ги посетува и месните и урбани заедници и одржува работни средби со жителите на општината.

Споделете:

Scroll to Top