Search
Close this search box.

Реакција на Општина Кисела Вода

    Повторно безидејноста на СДСМ резултира со искажани лаги и невистини за работењето на Општина Кисела Вода.

Така наречените  граѓански  активисти кои глумат загриженост за зеленилото, всушност се слепи партиски послушници на СДСМ, со желба за додворување на нивниот лидер и раководството на партијата. Таканаречените паркобрани под диктат на советникот Бранко Георгиевски, кој иако е член на Комисијата  за урбанизам и комунални дејности при советот на Општина Кисела Вода, нема елементарни познавања од областа на законските процедури што подразбираат  носење на Детални урбанистички планови.

 

Советникот Бранко Георгиевски  без никаков основ, прикривајќи се зад граѓанска иницијатива,  обвинува за узурпација на парк шумата Водно и изградба на нови градби. Согласно законските прописи границите на парк шумата Водно се јасно дефинирани  од Град Скопје согласно Генералниот урбанистички план. Во рамките на границите на парк шумата Водно не е дозволено изградба на нови градби.

Потенцираме дека на денешната седница воопшто не станува збор за  носење на Детален урбанистички план, туку,  измена на програмата за урбано планирање, што е основен услов за добивање на Условите за планирање на Министерството за животна средина и просторно планирање, кои што целосно мораат да бидат испочитувани при секое носење на нови Детални урбанистички планови. Моменталната состојба  на немање на Детален урбанистички план на овој  од Општина Кисела Вода, повлекува неможност да се продолжи постапката за легализација на дивоградбите, неможност да се извршат реконструкции на постојната патна инфраструктура, и појава на нови диви депонии кои Општина Кисела Вода редовно ги чисти.

Напоменуваме дека доколку во иднина Општина Кисела Вода  пристапи кон носење на  нов Детален  урбанистички план,  во целост ќе биде испочитувана законската процедура, која подразбира,  јавна објава во Месната заедница со јавна презенатација и анкета по основ на истиот.

 

 

 

Споделете:

Scroll to Top