Продолжува реконструкцијата и санација на улици и крпење на ударни дупки на улици лоцирани на територијата на општина Кисела Вода. Екипите на изведувачот на градежни работи, “БАУЕР БГ”- Скопје работат на машинско гребење на ударни дупки,чистење, премачкување со емулзија и пополнување со асфалтна маса со тип на асфалт АБ-11 и дебелина од 5 см на улици лоцирани во У.З„Црниче“.
Во моментот се изведуваат градежни работи на улиците: “Востаничка”, “Неврокопска”, “Чедомир Кантарџиев”.
По завршување на градежните работи на горенаведените улици ќе се пристапи кон санација на ударни дупки и на други улици лоцирани во У.З„Црниче“, согласно програмата, планот и динамиката за работа на oпштина Кисела Вода за 2014 г.