Врз основа на член 36 став 1 точка 2 од Законот за локална самоуправа (”Службен весник на РМ“ број 5/2002), член 28 став 1 од Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа (”Службен весник на РМ“ број 5/2002) член 34 од Статутот на општина Кисела Вода (“Службен гласник на Град Скопје” бр. 08/05 и “Службен гласник на општина Кисела Вода” бр.13/06), Советот на општина Кисела Вода на Шеесет и осмата пленарна седница одржана на 27 декември 2007 година, донесе
БУЏЕТ
НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА
ЗА 2008 ГОДИНА
И ОПШТ ДЕЛ
Член 1
Буџетот на општина Кисела Вода за 2008 се состои од:
Буџет за 2008 г.
Вкупни приходи 502.112.133 денари
и тоа:
– тековно-оперативни
приходи 197.567.329 денари
– трансфери 42.432.671 денари
– дотации 202.232.453 денари
-самофинансирачки 59.879.680 денари
Вкупни расходи 502.112.133 денари
и тоа:
– утврдени намени 500.612.133 денари
– резерви 1.500.000 денари
Член 2
Приходите по извори и видови на приходи и расходите по основни намени и програми се утврдени во консолидираниот биланс на приходите и расходите, билансот на тековно-оперативни расходи и билансот на капитални расходи на општина Кисела Вода за 2008 година и тоа како што следува:
Член 3
Буџетот на општина Кисела Вода за 2008 година влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Општина Кисела Вода”, а ќе се применува од 1 Јануари 2008 година.
Број 07-9452/9 ПРЕТСЕДАТЕЛ
27 декември 2007 на Советот на општина Кисела Вода
С к о п ј е Горан Арсовски с.р.