Search
Close this search box.

НОВА ЕСТЕТИКА НА УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ НИЗ КИСЕЛА ВОДА

За само неколку месеци во Општина Кисела Вода на најфрекфентните места, жителите од околните згради добија преуредени катчиња за одмор, а за најмладите простор за игра. 

 

Но она што не е за занемарување е самата естетика и функционалност на реквизитите кои излегуваат од вообичаената повеќедецениска рамка на одамна монотоните таканаречени детски игралишта.

 

Имено, и самите сме сведоци кон што тежнее современото живеење и постојаната потрага по негов квалитет и функционалност. А тоа подразбира, будење на детската имагинација во просторот кој децата го освојуваат низ игра. 

Токму тоа го нуди новиот замок на улица „Христо Татарчев“ кое се простира на 100 м2, на две нивоа, кое е изработен од бел бор и чам, водоотпорни шперт плочи; полиетеленски лизгалки, шиндра и гумен под, за кој Општината издвои 1.250.000 денари со ДДВ. Замокот е изработен од страна на фирмата „Урбано ЕЛ“ ДООЕЛ.

Споделете:

Scroll to Top