Search
Close this search box.

Полициски командир од Јужен Хасен, Германија на средба со Градоначалникот Беличанец

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ, денес оствари работна средба со Кристен Шелтон, командир од Полицискиот президиум од Јужен Хесен, Германија. 

На средбата на која присуствуваа и полициски службеници од П.С. Кисела Вода, како и претставници од СВР Скопје, главниот акцент беше ставен на превенцијата и сузбивањето на криминалот. На градоначалникот на општина Кисела Вода, од страна на командирот од Полицискиот президиум од Јужен Хасен и беа претставени трите различни модели на превенција и  сузбивање на криминалот, интегрирани во тамошното законодавство.

Претставниците на полициските власти разменија мислења и искуства окулу организација на полицијата, овластувањата, правата и обврските на полициските службеници.  Како заклучок од средбата беше истакнато дека успешната соработка на локалните и полициските власти претставува клуч за превенција, сузбивање и намалување на криминалот и истата и во иднина ќе продолжи.

Споделете:

Scroll to Top