Search
Close this search box.

Поставен камен темелник на станбено-деловен објект во Кисела Вода, иден дом за месната заедница 11 Октомври-згради

Градоначалникот на општина Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ, заедно со претседателот на советот на општина Кисела Вода, Трајче Донев, денеска присуствуваше на свеченото поставување на камен темелникот на новиот станбено-деловен објект во општина Кисела Вода.

На улицата “Ѓорги Сугаре” бр. 14, градежната компанија ДГИПТ ДАБАР ДООЕЛ Скопје, согласно проектот, започна со изградба на објектот со површина на градба во основа од 986 м2 и вкупна бруто развиена површина од 8.876 м2.

На 7 ката, со дополнително приземје и поткровје, предвидена е изведба на 135 стана и два деловни простора. Паркирањето ќе биде решено со две подземни нивоа на паркинг простор.

Општина Кисела Вода која се јавува како соинвеститор во овој проект, најавува дека на овој простор, на површина од 156 м2, ќе биде сместена месната заедница 11 Октомври згради.

Споделете:

Scroll to Top