Search
Close this search box.

Оглас за издавање на користење на термини во спортските сали ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ при Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода,  со седиште на улица Петар Делјан бр:17 Скопје,  распишува  оглас за издавање  на термини  во спортските сали,,Независна Македонија“  и ,,Архиепископ Доситеј“при Општина Кисела Вода, и тоа:

 

I

А. Во спортската  сала ,,Независна Македонија“

1.Во Спортска сала ,, Независна Македонија“(за кошарка, одбојка,  и други спортови) која се наоѓа во дворот на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“  Скопје,на ул. Михаил Чаков бр.2, Скопје,  во деновите:

 

Вторник, од 16.00 до 17.00, од 18.00 до 19.00, од 19.00 до 20.00, од 20.00 до 21.00, од 21.00 до 22.00

Среда од 18.00 до 19.00, од 19.00 до 20.30

Четврток  од 16.00 до17.00, од 17 до 18.00, од 18 до 19.00, од 19.00 до 20.00, од 20.00 до 21.00, од 21.00 до 22.00

Петок од 16.00 до 17.00, од 17.00 до 18.00, од 18.00 до 19.00, од 19.00 до 20.00, од 21.00 до 22.00

-Во Сабота и Недела во периодот од 10 до 22.00 часот, салата се издава за одигрување на натпревари на клубовите и одржување на разни спортско -културни манифестации.

и

Б..Во Спортската сала  ,,Архиепископ Доситеј“(за мал фудбал, ракомет, одбојка и други спортови), која се наоѓа во дворот на ОУ Круме Кепески ул. Сава Ковачевиќ бр. 76, во деновите:

Понеделник  од 19.00-20.00, од 20.00-21.00, од 21.00-22.00,

вторник од 19.00-20.00,  од 20.00-21.00 , од 21.00 -22.00. 

среда од 19.00-20.00, од 20.00-21.00, од 21.00 -22.00,

четврток  од 19.00-20.00,  од 20.00-21.00,

петок  од 19.00-20.00, од 20.00-21.00, од 21.00-22.00

-Во Сабота и Недела во периодот од 10 до 22.00 часот, салата се издава за одигрување на натпревари на клубовите и одржување на разни спортско -културни манифестации.

Почетен надомест за користење на термини во двете сали, од понеделник до петок, за користење на термин без затоплување,   за 1 час изнесува 1200.00   денари.Почетната надомест, од понеделник до петок, за користење на термин  со затоплување во грејна сезона,   за 1 час изнесува 1600.00 денари.

Пријавите со потребната документација за учество на огласот се доставува по пошта или во архивата на Општината, во затворен плик со ознака „ не отварај“ и со назнака „за оглас за издавање на термини на спортски објекти “ и бројот на огласот.

               

Кандидатите треба да ги достават следните документи:

За физички лица: доказ за идентитет (лична карта или патна исправа), доказ за уплатен износ од 1200 денари, уплатени на сметка на Општината, за учество на огласот, тел. за контакт, адреса и  е-маил адреса и трансакциска сметка, и

За правни лица:доказ за регистрирана дејност, копија од тековна состојба на правното лице издадена од Централен Регистар на Р. Македонија, доказ за уплатен износ од 1200 денари, уплатени на сметка на Општината, за учество на огласот, овластување издадено од одговорно лице на правното лице, тел. за контакт, адреса и е-маил адреса и жиро сметка.

                -Јавно усно наддавање ќе се спроведе  доколку за користење на определен  термин се јават најмалку двајца заинтересирани кандидати, согласно критериумите донесени од Комисијата за издавање на термини во двете спортски сали.

                -Ако на огласот се јави само еден заинтересиран кандидат, се склучува договор со истиот, доколку ги исполнува условите предвидени  со јавниот оглас.

                -Ако на огласот за издавање на користење термини во спортски објект не се јават заинтересирани кандидати, Ќе се распиши и објави нов  оглас.

                -Доколку и на повторниот оглас, не се јави ниту еден кандидат, се склучува договор со непосредна спогодба со заинтересираното правно или физичко лице кое ги исполнува  предвидени во јавниот оглас.

                -Комисијата ќе ги извести кандидатите за времето и местото за јавното наддавање.

                –Незадоволните кандидати кои учествувале на јавното наддавање имаат право на приговор во рок од 3 (три) дена  сметано од денот на завршувањето на јавното наддавање.

                -Приговор се поднесува  преку Комисијата до Градоначалникот на Општината.

                -Решението на Градоначалникот по приговорот е конечно.

                Приоритет за користење на термини за тренинг и натпревари во спортските сали ќе имаат спортските клубови кои се регистрирани  на територијата на Општината Кисела Вода, а согласно член 3 од Правилникот.

II

За спортски клубови кои се натпреваруваат во најсилните  лиги формирани од соодветните спортски федерации, кој  се регистрирани  на територијата на општината Кисела Вода, и кои допринесуваат за развој на спортот во општина Кисела Вода, може да добијат повластени (бесплатни терминии), согласно член 3 од Правилникот за условите, начинот и постапката за давање на користење на термини во спортските сали ,, Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ број: 07-53/15 од 10.07 2013 година и број 07-184/16 од 30.09. 2014 година, и Критериумите донесени од страна на Комисијата за издавање на термини во спортските сали ,, Независна Македонија“ и ,, Архиепископ Доситеј“

Во Спортска сала ,, Независна Македонија“(за кошарка, одбојка,  и други спортови) која се наоѓа во дворот на ОУ ,,Невена Георгиева Дуња“  Скопје,на ул. Михаил Чаков бр.2, Скопје,  во деновите: понеделни од 19.00-20.30. Среда од 20.30 -22.00. Четврток и Петок од 20.00-21.00, може да добијат повластени бесплатни термини доколку ги исполнат следните критериуми за добивање на  повластени (бесплатни) термини :

– во изминатите две првенствени сезони да се пласирани меѓу првите 4 екипи во соодветното првенство, за што ќе приложат  соодветна документација, од соодветната спортска федерација,  

– да имаат пионерско-младински екипи пријавено во системот на натпреварување во соодветните федерации и во изминатите две години нивните екипи да  имаат пласман меѓу првите 4 места во соодветните лиги. Резултатите се потврдуваат со соодветна документација од соодветната спортска федерација,

–  да се регистрирани на територијата на општина Кисела Вода и истите да  имаат формирано пионерско младински спортски школи во училиштата на општината Кисела Вода и активно придонесуваат за развојот на спортот во Општината. Потврдување со соодветна  документацијата.

 

III

Комисијата за издавање на термини во  спортските сали ,, Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“, одреден број на повластени термини (бесплатно) може да ги даде на користење на спортски федерации, спортски клубови, спортски друштва, спортски здруженија, физички и правни лица кои со приложен проект,  активно  ќе придонесат за развој на спортот во општина Кисела Вода.  За оваа намена резервирани се следните термини:

Спортска сала ,,Независна Македонија“:

понеделник од 17.30 -18.30,

вторник  од 17.00 – 18.00,

четврток 18.00-19.00,

петок 18.00-19.00.

Спортска сала ,,Архиепископ Доситеј“:

понеделник  од 16.00-17.00, од 17.00-18.00, од 18.00-19.00,

вторник од 17.00-18.00,  од 18.00-19.00 , 

среда од 16.00-17.00, од 17.00-18.00, од 18.00 -19.00,

четврток  од 17.00-18.00,  од 18.00-19.00,

петок  од 16.00-17.00, од 17.00-18.00, од 18.00-19.00 часот.

Критериуми за добивање на повластени термини:

– Доставување на проект програма

– Тренажниот процес да го извршуваат стручни лица со соодветна рангирана диплома

-Да  обезбеди спортска опрема на секое дете кое ќе тренира

– да обезбеди риквизити за тренинг,

– Наплатата за тренинзи да се движи до 300.00 денари, без право да се наплаќаат дополнителни средства по основ на  донирање на додатна опрема, организација на натпревари и слични работи,

– на тренинзите  може да учествуваат само ученици и граѓани, кои се жители на општината Кисела Вода.  

 

Сите апликаци, од кандидати кои не ги подмириле обврските за користење на спортската сала ,, Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ за изминатиот период, нема  да бидат разгледувани од Комисијата.   

                Уплатата на депонираните средства да се изврши на трезорска сметка: 100000000063095. Депонент НБРМ; примач: Буџет на општина Кисела Вода- сметка на буџетски корисник 780014111463014, приходно конто 725939; програма  00, најдоцна до крајот на рокот за поднесување на пријави.

                Рокот за поднесување на пријави е 6 (осум) дена по објавување на огласот.

                                                                                                            Комисијата за издавање под закуп

                                                                                                            на спортски објекти и деловен простор

                                                                                                                П р е т с е д а т е л,

                                                                                                                Тони Чупоски

                                

К Р И Т Е Р И У М И

За издавање на термини во спортските сали ,, Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“

 

Согласно член 3 од Правилникот за условите, начинот и постапката за давање на користење на термини во спортските сали ,, Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ број: 07-53/15 од 10.07 2013 година и број 07-184/16 од 30.09. 2014 година, Комисијата за давање на користење на термини во спортските сали ,, Архиепископ Доситеј“ и ,,Независна Македонија“ на ден 10.09.2015 година, со присуство на Тони Чупоски, претседател на комисијата, Милован Матовиќ и Славица Новачевска ги донесе следните критериуми.

1. Согласно донесениот Правилник за условите, начинот и постапката за давање на користење на термини во спортските сали ,, ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“ број: 07-53/15 од 10.07.2013 година, и број 07-184/16 од 30.09. 2014 година,  приоритет за користење на термини за тренинг и натпревари без надавање во спортските сали  ,,Независна Македонија “ и ,,Архиепископ Доситеј“, ќе имаат клубови кои се регистрирани на територијата на општината Кисела Вода а кои  треба да ги исполнуваат следните услови:

– Да се регистрирани на територијата на општина Кисела Вода, најмалку една години пред објавувањето на огласот, што се докажува со доставување на соодветна  регистрациона документација,

– Доколку за исти термин се јават два или повеќе клубови од територијата на општината Кисела Вода, истите ќе се наддаваат за терминот за кој  аплицираат, во  термин  определен од Комисијата по писмено известување до спортските клубови.

-Термини за издавање во:

 -Спортска сала ,, Независна Македонија“.

Вторник, од 16.00 до 17.00, од 18.00 до 19.00, од 19.00 до 20.00, од 20.00 до 21.00, од 21.00 до 22.00

Среда од 18.00 до 19.00, од 19.00 до 20.30

Четврток  од 16.00 до17.00, од 17 до 18.00, од 18 до 19.00, од 19.00 до 20.00, од 20.00 до 21.00, од 21.00 до 22.00

Петок од 16.00 до 17.00, од 17.00 до 18.00, од 18.00 до 19.00, од 19.00 до 20.00, од 21.00 до 22.00

-Спортска сала ,,Архиепископ Доситеј“ понеделник  од 19.00-20.00, од 20.00-21.00, од 21.00-22.00, вторник од 19.00-20.00,  од 20.00-21.00 , од 21.00 -22.00.  среда од 19.00-20.00, од 20.00-21.00, од 21.00 -22.00, четврток  од 19.00-20.00,  од 20.00-21.00, петок  од 19.00-20.00, од 20.00-21.00, од 21.00-22.00.

 

2. Критериуми  за повластени термини  на реномирани прволигашки клубови кои допринесуваат за развој на спортот во општина Кисела Вода. 

-За спортски клубови кои се натпреваруваат во најсилните  лиги формирани од соодветните спортски федерации и кој  се регистрирани  на територијата на општината Кисела Вода, може да добијат бесплатни термини, од резервираните за оваа намена (спортска сала ,,Независна Македонија“: Понеделни од 19.00-20.30. Среда од 20.30 -22.00. Четврток и Петок од 20.00-21.00 доколку ги исполнуваат следните услови:

– во изминатите две првенствени сезони да се пласирани меѓу првите 4 екипи во соодветното првенство, за што ќе приложат  соодветна документација, од соодветната спортска федерација.  

– да имаат пионерско- младински екипи пријавено во системот на натпреварување во соодветните федерации и во изминатите две години нивните екипи да  имаат пласман меѓу првите 4 места во соодветните лиги. Резултатите се потврдуваат со соодветна документација од соодветната спортска федерација

– да се регистрирани на територијата на општина Кисела Вода,и  истите да имаат формирано пионерско младински спортски школи во училиштата на општината Кисела Вода и активно придонесуваат за развојот на спортот во Општината. Потврдување со соодветна  документацијата.

 

3. Комисијата за издавање на термини во  спортските сали ,, Независна Македонија“ и ,, Архиепископ Доситеј“, може, одреден број на термини, со повластени услови да ги даде на користење на   спортски федерации,  спортски  клубови, спортски друштва, спортски здруженија, физички и правни лица. кои со приложен проект,  активно  ќе придонесат за развој на спортот во општина Кисела Вода.  За оваа намена предвидени  се следните термини:

Спортска сала ,,Независна Македонија“:

понеделник од 17.30 -18.30,

вторник  од 17.00 – 18.00,

четврток 18.00-19.00, петок 18.00-19.00

 

Спортска сала ,,Архиепископ Доситеј“:

понеделник  од 16.00-17.00, од 17.00-18.00, од 18.00-19.00,

вторник од 17.00-18.00,  од 18.00-19.00 ,  среда од 16.00-17.00, од 17.00-18.00, од 18.00 -19.00,

четврток  од 17.00-18.00,  од 18.00-19.00,

петок  од 16.00-17.00, од 17.00-18.00, од 18.00-19.00 часот.

 

Критериуми за добивање на повластени термини:

– Доставување на проект програма

– Тренажниот процес да го извршуваат стручни лица со соодветна рангирана диплома

-Да  обезбеди спортска опрема за тренирање,

– да обезбеди риквизити за тренинг,

– Наплатата за тренинзи да се движи до 300.00 денари, без право да се наплаќаат дополнителни средства по основ на  донирање на додатна опрема, организација на натпревари и слични работи,

– на тренинзите  може да учествуваат само ученици и граѓани, кои се жители на општината Кисела Вода.  

 

Комисијата за издавање на термини во спортските сали ,, Независна Македонија“ и ,, Архиепископ Доситеј“, го задржува правото, преку претседателот на Комисијата, доколку не се потполнат термините на огласот и повластените термини за реномираните прволигашки клубови, истите да ги издава согласно правилникот без наддавање.

Овие Критериуми стапуваат во сила   по објавување на веб страната на општина Кисела Вода.

 

Комисија за издавање на термини во спортските сали ,,Независна Македонија“ и ,,Архиепископ Доситеј“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

                                                                                                           

                                

Споделете:

Scroll to Top